Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Талентирана и со големо срце: Адел изненади 12-годишна обожавателка со церебрална парализа

Талентирана и со големо срце: Адел изненади 12-годишна обожавателка со церебрална парализа

Адел постојано ги радува своите фанови со нова музика и прекрасни концерти, но не заборава и на обожавателите кои се спречени да присуствуваат на нејзините музички шоуа. Талентираната пејачка со големо срце направи пауза од своите настапи и се упати кон домот на 12-годишно болно девојче за да му исполни голема животна желба.

Адел и Ребека

27-годишната музичка ѕвезда ја посети малата Ребека Гибни, која боледува од церебрална парализа проследена со епилепсија и не може да оди и да зборува. Адел била запознаена со случајот на Ребека и нејзината желба да ја запознае својата омилена пејачка, преку кампања која мајката на болното девојче ја започнала пред неколку месеци.

Неодамна менаџерот на популарната пејачка стапил во контакт со мајката Трејси и ѝ кажал дека Адел разгледувала фотографии од болното девојче, кои ѝ пробудиле силни емоции и одлучила дека сака да го посети.

„Во шок сум, ѝ го исполнив големиот сон на мојата ќерка. Адел беше многу фина, не можеше да биде пољубезна“ – рекла Трејси. „Тоа направи да се чувствувам како најдобрата мајка на светот, што никогаш не мислев дека сум. Адел исто така ми кажа дека јас сум најдобрата мајка на светот“ – додала таа.

Адел и Ребека Адел и Ребека Ребека Ребека

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11421 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.