Наташа Атанасовска-Папаз се врати на својата фитнес рутина само неколку месеци по раѓањето на трите бебенца.
Сопругата на саксофонистот Горан Папаз го користи секој слободен момент и вежба додека трите бебенца лежат во нивните релаксатори. Фотографија од овој момент сподели Горан на Instagram и напиша: „Супермама и пиленцата“.

Наташа и Горан станаа родители на тројка пред пет месеци. На 31 мај, тие споделија фотографија со опис: „Луна, Лазар и Лена се веќе 5 месеци надвор од меше“.


Наташа се породи на крајот од декември минатата година. Бебенцата биле зачнати природно.

