Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Срцето ми е скршено“: Ник Картер сподели дека неговата сопруга повторно имаше спонтан абортус

„Срцето ми е скршено“: Ник Картер сподели дека неговата сопруга повторно имаше спонтан абортус

Ник Картер им сподели тажна вест на своите фанови преку Twitter.

38-годишниот пејач, кој се прослави како член на групата Backstreet Boys, објави дека неговата сопруга Лорен имала спонтан абортус во вториот триместар од бременоста и дека ја изгубиле неродената ќерка.

 Лорен и Ник Картер

Во објавата на социјалната мрежа, тој напиша: „Боже дај ни мир во овој период. Навистина со нетрпение чекав да ја сретнам по 3 месеци. Срцето ми е скршено“.

Подоцна, Ник додаде: „Тоа беше сестричка за Один“.

Многумина им изразија сочувство на Ник и Лорен на социјалните мрежи.

Парот, кој има 2-годишен син, и претходно се има соочено со спонтан абортус. Ник и Лорен пред две години отворено зборуваа за нивната загуба и за едногодишната борба со неплодноста пред зачнувањето со синот Один.

 Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер

По породувањето со Один, Лорен сними нежна фотосесија во нивниот дом.

 Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер  Лорен и Ник Картер

Популарниот пејач вечерва треба да одржи концерт во Лима. Иако тој на почетокот напиша дека нема да може да настапи на сцената, тој подоцна објави дека ќе му биде тешко, но дека ќе настапи поради „љубовта кон фановите“.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.