Неколку дена по породувањето, Сара Мејс се врати дома со малото синче. Популарната пејачка и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски споделија фотографии од среќниот ден.
Парот позираше со двете дечиња – ќерката Илина и новородениот Кирил.

„На среќата ѝ нема крај. Кирил, добредојде. Сестричкава, татково и мајкава те сакаат најмногу на свет! Едвај те чекавме, нè прерадува! Да си ни жив и здрав, да нè радуваш и добро да делуваш“ – напиша Сара на мини-албумот со семејни фотографии.



Македонската харфистка и пејачка и познатиот водител се во брак од 2017 година.