Кристијано Роналдо со девојката Џорџина Родригез и синот Кристијано отпатува во Лондон за да ги проследи финалните натпревари во АТП турнирот.
33-годишниот фудбалер, 24-годишниот модел и 8-годишното момче од првиот ред го следеа натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Иснер во „О2 Арена“.
За време на мечот, во кој победи српскиот тенисер, Кристијано фати едно од топчињата кое се движеше кон Џорџина.
Џорџина беше облечена во црна блуза и црвено здолниште.
Претходно парот беше фотографиран кога пристигнуваше во Лондон и додека се упатуваше на вечера во ресторан.