Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Среќно семејство: Викторија и Дејвид Бекам со четирите деца во забавна фотосесија за „Вог“

Среќно семејство: Викторија и Дејвид Бекам со четирите деца во забавна фотосесија за „Вог“

Викторија и Дејвид Бекам снимија забавна фотосесија за „Вог“ заедно со своите четири деца.

На фотографијата, 44-годишната дизајнерка седи на тревник со семејното куче додека 43-годишниот поранешен фудбалер ги гледа нивните деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер како играат околу нив.

Бекамови

Во интервјуто, Викторија зборуваше за шпекулациите дека бракот со Дејвид ѝ пропаѓа и дека тие се пред развод: „Луѓето измислуваат нешта за нашата врска веќе 20 години, па со Дејвид се навикнавме да ги игнорираме бесмислиците и да продолжуваме како вообичаено. Но, овие нешта имаат пошироко влијание на луѓето околу нас и тоа е нефер“ – изјави таа.

На насловната фотографија на списанието, поранешната членка на Spice Girls позира со четирите деца и нивното куче Олив.

Бекамови Бекамови Викторија Бекам

Зборувајќи за брендот Бекам, Викторија за „Вог“ изјави: „Двајцата сфативме дека заедно сме посилни отколку како одделни индивидуи. Дали некој од нас ќе беше на местото каде што e сега ако не се запознаевме и не бевме заедно сите овие години? Се работи за семејна целина. Многу посилни сме ако сме сите шест, одошто ако сме индивидуи. Ја цениме семејната врска и тоа е клучот“.

Викторија сними фотосесија во која шеговито пресоздаде некои од нејзините највпечатливи стајлинзи од младоста и од деновите кога беше членка во Spice Girls. Во видеото снимено за „Вог“ можете да видите како се одвиваше забавната фотосесија:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.