Блејк Лајвли вчера наполни 35 години.
За да ѝ го честита роденденот на својата сакана, Рајан Рејнолдс склопи романтична објава со доза хумор во негов стил.
Рајан сподели албум со фотографии од Блејк. „Среќен роденден Блејк. Спектакуларна си. Не знам дали си родена или измислена. Фала ти и што ме тераш да излегувам од дома одвреме-навреме“ – ѝ напиша тој на ѕвездата од хит-серијата „Gossip Girl“, со која е во брак од 2012 година и со која има три ќерки.








Вчера, Лајвли сподели фотографија на која позира во бикини.