Дуа Липа стана косовска државјанка пред да настапи со татко си на сцената на Sunny Hill Festival во Приштина.
29-годишната светски позната пејачка го прими државјанството откако претседателката Вјоса Османи потпиша декрет со кој ѝ го овозможи тоа. Вјоса сподели фотографии и видео од моментот и напиша:
„Добредојде дома, Дуа! Посебна чест ми е денес, со претседателски декрет, да ѝ дадам државјанство на Република Косово на Дуа Липа, една од најважните културни и уметнички личности во историјата на нашата земја“.







И Дуа Липа објави фотографии од настапот на Sunny Hill Festival каде беше присутен и нејзиниот вереник Калум Тарнер.
„Тешко ми е да опишам со зборови колку ми значеше ова. Да настапувам со вас и да ја споделам сцената со татко ми е момент кој никогаш нема да го заборавам“ – напиша таа.






Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на албански родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години. Во 2008 година се пресели во Косово со своето семејство. Липа израсна слушајќи ја музиката на својот татко Дукаѓин.
