Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Софија Лорен отмена дама и на 81 година: „Мојата ера од Холивуд беше подобра“

Софија Лорен отмена дама и на 81 година: „Мојата ера од Холивуд беше подобра“

Софија Лорен со децении е под холивудските рефлектори и не планира да се пензионира. Славната Италијанка беше гостинка на „National Arts Awards“ во Њујорк, каде освен со своето грациозно држење, привлече внимание и со своите ставови за стариот и новиот Холивуд.

На свеченоста, Лорен се појави во долг црн фустан со чипка и блескав накит.

Софија Лорен Софија Лорен

„Сега, кога луѓето ќе ме сретнат, ги вадат телефоните за да ме сликаат. Не знам многу за социјалните медиуми, но изгледа тие ги прават луѓето уште попознати. Мојата ера од Холивуд беше многу подобра – бевме познати заради нашите способности и талентот“ – рекла таа.

Софија Лорен Софија Лорен Софија Лорен

Лорен упатила и порака до младите девојки кои го коригираат својот изглед со пластична хирургија. „Тие млади девојки навистина треба да бидат повнимателни и попребирливи во однос на тоа што го прават на нивните лица и тела. Не можеш да знаеш со сигурност дали одиш кај добар доктор – на крајот може да се случи да изгледаш полошо од она што си го замислувала претходно“ – додала таа.

Софија Лорен Софија Лорен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.