Софија Вергара има моден рецепт за шик летен изглед: макси фустан + впечатливи обетки + сандали на висока потпетица.
Најплатената телевизиска актерка беше фотографирана во Холивуд во црн фустан кој ја истакна нејзината фигура.
Еден ден претходно, 45-годишната убавица беше „уловена“ во Беверли Хилс во темнозелен фустан со разголени раменици и складни обетки со реси.
Вергара пред неколку дена го прослави својот роденден.