Софија Вергара го прослави својот јубилеен 50-ти роденден. На забавата, атрактивната Колумбијка носеше жолт фустан кој ѝ ги истакна облините.
Ѕвездата од серијата „Modern Family“ дувна свеќички на торта во форма на Луј Витон чанта полна со долари.









Пред вечерната прослава, Вергара имаше и роденденски ручек со најблиските. На прославата беа присутни нејзиниот сопруг Џо Манганиело, нејзиниот син Маноло и внука ѝ Клаудија.









„Среќен роденден, љубов моја“ – напиша Џо во описот на фотографии со саканата сопруга.
Маноло сподели видео со заеднички фотографии за да ѝ го честита роденденот на мајка си.