Софија Вергара шармираше на премиерата на „Ready Player One“ во Лос Анџелес. На виолетовиот тепих, холивудската актерка беше придружувана од сопругот Џо Манганиело.
45-годишната Колумбијка носеше цветен фустан од Оскар де ла Рента. Својот стилски избор таа го надополни со сандали од Кристијан Лобутин и накит од Лорејн Шварц.








