Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Совршенство мое“: Горан Папаз и сопругата Наташа со фотографии од тројката и синчето за годишнината

„Совршенство мое“: Горан Папаз и сопругата Наташа со фотографии од тројката и синчето за годишнината

Горан Папаз и Наташа Атанасовска ја прославија 3-годишнината од бракот.

Македонскиот саксофонист не скри колку ја сака сопругата која минатата година му роди тројка. Во пораки на Instagram, двајцата си споделија романтични пораки, а објавија и фотографии од трите бебиња и синчето кое Горан го има од првиот брак.

Горан Папаз и Наташа Атанасовска

„Среќна годишнина совршенство мое. Ти си многу повеќе од тоа што сум го посакувал во животот, и не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе од вчера, секој ден. Ти благодарам што постоиш, што ме правиш најсреќен, најсмирен и најисполнет. Те сакаме сите петмина бескрајно!“ – напиша Папаз.

Горан Папаз и Наташа Атанасовска

Подоцна и Наташа објави фотографија од целото семејство со текст:

„Три години од официјалното ‘ДА’ за да бидеме најдобриот тим и да бидеме вака прекрасно семејство. Оваа година сме двојно повеќе членови. Те сакам засекогаш“.

Горан Папаз и Наташа Атанасовска Горан Папаз и Наташа Атанасовска Горан Папаз и Наташа Атанасовска

Поранешниот член на групата Суперхикс и неговата сакана стапија во брак во јули 2022 година, а нивната тројка се роди на крајот од декември 2024 година. Неговото синче од првиот брак се вика Дамиан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27363 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.