Шакира недискутабилно е посветена мајка. 38-годишната пејачка на Instagram сподели слатка фотографија на која со широка насмевка ги прегрнува малите синови Саша и Милан.
Фотографијата е направена за време на снимањето на видео за играта Angry Birds, во која ќе гостува птица инспирирана од Шакира.
Птицата од Angry Birds инспирирана од Шакира
Пред две недели популарната Колумбијка објави слика од малиот Саша во чиј опис стои: „Мамо, јас исто така сакам образование за сите деца низ светот. Време е за промена. Нема време за губење.“
Шакира е амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и постојано се вклучува во хуманитарни активности. Моментално таа се бори за право на секое дете да се образoва.
