За првпат по седум години, Марко Маринковиќ-Слаткар запеа на Златна бубамара на популарноста.
На сцената во „Борис Трајковски“, 38-годишниот македонски пејач настапи заедно со момците од Next Time, со кои ја освои наградата Хит на годината за песната „Океани“.


„’Океани’ е прогласена за ХИТ НА ГОДИНАТА. Голема благодарност до Лазар Цветкоски, а најголема благодарност до сите вас кои помогнавте да оваа бубамара слета во наши раце. Добра ти вечер Македонијо, каде и да си. Со љубов, Next Time и Слаткаристика“ – напишаа тие.




Наградата им ја врачи водителката Ирена Спировска.












Зад сцената, Слаткар прослави заедно со својата сопруга Сања Николиќ со која имаат едно синче.



Слушнете ја „Океани“:
Фотографии: Благоја Цоканов / Femina.mk