Џенифер Лопез имаше непријатно искуство во Истанбул.
56-годишната пејачка не ја пуштија да влезе во бутикот на модната куќа Chanel. Но, иако многумина би очекувале бурна реакција, Џеј Ло ги изненади сите со својот одмерен и смирен одговор.
„Океј, нема проблем“ – рекла таа и смирено заминала и како што пренесуваат турските медиуми, потрошила мало богатство за 3-часовен шопинг во соседни бутици како Celine и Beymen. Според некои извори, Лопез потрошила десетици илјади долари.


Лопез не била пуштена во бутикот од страна на обезбедувањето со изговор дека „капацитетот бил исполнет“. Веројатно не ја препознале славната актерка и пејачка, бидејќи малку подоцна ја поканиле да се врати, но таа одбила.
Очевидци изјавуваат дека Лопез останала смирена без да побара посебен третман. Нејзиното достоинствено однесување наиде на пофалби и од фановите и од медиумите, со коментари дека многу други ѕвезди не би реагирале толку смирено во слична ситуација.



Џеј Ло престојуваше во Турција по повод закажаниот концерт во Истанбул.
