Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски летово одбраа да ги наполнат батериите во Грција.
Македонската пејачка и познатиот водител уживаа на полуостровот Пелопонез во друштво на нивните две мали дечиња, ќеркичката Илина и синот Кирил.
Семејната атмосфера, опуштениот одмор и прекрасните морски пејзажи се гледаат на фотографиите кои Сара ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. Особено внимание привлече со фотографија во бикини, на која зрачи со природна убавина и самодоверба.

















Сара и Димитар стапија во брак во 2017 година, а следната година им се роди ќеркичката Илина. Нивниот син Кирил се роди во 2022 година.
