Дејвид Бекам со малата Харпер уживаат во есента, истражувајќи ја природата.
45-годишниот поранешен фудбалер и 9-годишното девојче собираа овошни плодови и зеленчуци на фарма за органска храна во Глостершир. А од собраните есенски цвеќиња, дуото татко-ќерка изработи венци.
Дејвид и Викторија објавија слатки фотографии од дружбата.


Бидејќи на една од фотографиите Дејвид ја бакнува Харпер во уста, многумина побрзаа да го критикуваат. Иако честопати добива коментари полни со осуда за ваквиот гест, славниот спортист ги игнорира и ги искажува милоста и љубовта на свој начин.











