Џорџ Клуни повторно си ја врати седата коса. Откако ја имаше променето бојата поради неговата Бродвеј претстава, холивудскиот шармер конечно се врати на својот вистински изглед.
64-годишниот актер присуствуваше на доделувањето на театарските награди „Тони“, каде ја доби поддршката од сопругата Амал.
На црвениот тепих, 47-годишната адвокатка блесна во бела креација со бисери.

Откако долго време се шпекулираше дека Џорџ и Амал се разделени, парот со бакнежи ги негираше сите такви гласини.














Потсетете се како изгледаше Џорџ со темна боја на косата.

