Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Серена Вилијамс ја покажа својата фит фигура: „Го сакам моето тело и не би го променила“

Серена Вилијамс ја покажа својата фит фигура: „Го сакам моето тело и не би го променила“

Со над 1.000 победи во својата кариера, 77 милиони долари заработени како награди од турнири (највисока сума до која има стигнато една тенисерка во историјата) и 4 олимписки злата, Серена Вилијамс е вистинска ѕвезда на тениските терени.

Пред да ја започне борбата за петтото злато во Рио, 34-годишната спортистка сними фотосесија за списанието „Self“ и отворено зборуваше за критиките кои ги добива за градбата на телото.

Коментирајќи ги навредите дека „има тело на маж“, Серена вели: „Го сакам моето тело и никогаш не би променила ништо кај него. Не барам од вас да го сакате моето тело. Барам само да ме оставите да бидам себеси.“

Серена Вилијамс Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Во интервјуто за списанието, Серена зборувала и за својата сестра Венус. „Венус е најдобра. Се огледувам на неа и секогаш се прашувам ако јас бев постарата сестра, дали јас ќе поставев толку добар пример како што таа постави за мене? Мразам да играм против Венус. Таа е најтешкиот противник со кој се имам соочено.“

Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Јас сум таа што сум. Се сакам себеси. Ставот да си силна и моќна – тоа е нешто зад кое застанувам.

Серена

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11142 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.