Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Серена Вилијамс сподели дека нема да ѝ го слави роденденот на малата ќерка од религиски причини

Серена Вилијамс сподели дека нема да ѝ го слави роденденот на малата ќерка од религиски причини

Серена Вилијамс зачуди многумина кога објави дека нема да прави роденденска прослава за малата Алексис Олимпија, која за два дена ќе наполни една година. Причината? Нејзината религија не го дозволува славењето на родендени.

За време на прес-конференција, 36-годишната тениска ѕвезда изјави: „Алексис Олимпија не слави родендени. Ние сме Јеховини сведоци и не го правиме тоа.“

Серена Вилијамс

Според верувањата на Јеховините сведоци, родендените имаат пагански корени. Тие веруваат дека прославите од ваков тип го вознемируваат Бог.

Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Пред извесно време Серена сподели: „Тоа што сум Јеховин сведок е многу важно за мене и сакам да навлезам подлабоко во тоа. Алексис не одеше во ниту една црква додека растеше, но лесно прифаќа, дури и презема иницијатива. Тој ги става моите потреби на прво место.“

Пред шест години, во интервју за ASAP Sports, Серена зборуваше за религијата. „Јас сум Јеховин сведок. Сметам дека ако не веруваш во Бог, тешко е да живееш, затоа што тоа е основата на животот, тоа доаѓа од Бог. Ние веруваме во Бог и Библијата. Без Него, не би била тука сега. Навистина му сум благодарна за сè“ - рекла таа.

Алексис Олимпија е прво дете на парот кој стапи во брак во ноември минатата година.

Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11948 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.