Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Серена Вилијамс со ќеркичката и сопругот за „Вог“, се отвори за мајчинството и компликациите по породувањето

Серена Вилијамс со ќеркичката и сопругот за „Вог“, се отвори за мајчинството и компликациите по породувањето

Серена Вилијамс заедно со ќеркичката и сопругот сними фотосесија за новото издание на „Вог“. Славното семејство беше фотографирано од реномираниот фотограф Марио Тестино.

Во интервјуто за списанието, успешната тенисерка се отвори за мајчинството и компликациите за време и по породувањето.

Серена со семејството

Вилијамс сподели дека Алексис Олимпија се родила со итен царски рез бидејќи за време на контракциите, нејзиното срце чукало забавено. За моментот кога малото бебенце ѝ го ставиле на градите, Серена рече: „Тоа беше прекрасно чувство. А потоа, сè тргна на лошо.“

Само еден ден по породувањето, Вилијамс започнала да губи здив како последица на белодробна емболија. Со оглед на тоа што имала искуство со тромбови, Серена веднаш побарала од медицинскиот тим да направи преглед со компјутерска томографија со контраст. Резултатите покажале дека имала неколку мали тромбови, па веднаш добила соодветни лекови.

Но, тоа не бил крајот на здраствените проблеми. Поради интензивното кашлање од белодробната емболија, раната од царскиот рез ѝ се отворила, а откако се вратила на операција, докторите откриле дека голем хематом се разлеал во нејзиниот стомак. Славната тенисерка ја напуштила болницата една недела по породувањето.

Серена со семејството Серена со семејството

Во првите шест недели од мајчинството таа била „врзана“ за кревет, но добила голема помош од сопругот Алексис Оханијан и мајка си Орасин.

36-годишната спортистка изјавила дека мајчинството е како емотивен ролеркостер. „Никој не зборува за тешките моменти – притисокот кој го чувствуваш, изнемоштеноста која те обзема секојпат кога бебето ќе заплаче. Не знам колку пати сум се чувствувала скршена. Или ќе се разлутам поради плачењето, па ќе се растажам што се разлутив, а потоа ќе се чувствувам виновна за тоа, бидејќи си мислам 'Зошто сум тажна кога имам прекрасно бебе?'. Емоциите се луди“ – изјавила таа.

Серена со семејството

Серена и основачот на Reddit стапија во брак во ноември минатата година, кога нивната ќеркичка Олимпија Оханијан Џуниор имаше само два месеци. Таа се роди на 1 септември минатата година.

Серена со семејството Серена со семејството

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.