Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Имавме многу компликации“: Серена Вилијамс сподели видео и фотографија со новородената ќеркичка

„Имавме многу компликации“: Серена Вилијамс сподели видео и фотографија со новородената ќеркичка

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан пред една недела станаа родители на девојче.

35-годишната тенисерка сподели слатка фотографија со новородената ќеркичка и видео снимено по нивното заминување од болница.

„Запознајте ја Алексис Олимпија Оханијан Џуниор“ – напиша Вилијамс во описот на фотографијата.

Во видеозаписот, успешната спортистка вели: „Ја напуштаме болницата по 6-7 дена. Помина долго време, имавме многу компликации, но видете што добивме – добивме ќеркичка.“

Девојчето се родило на 1 септември и било тешко 3,1 килограми.

ВИДЕО

Целосното видео ја прикажува бременоста на Серена и доаѓањето на свет на малата Алексис Олимпија.

Ова ќе биде прво дете на Вилијамс и 33-годишниот коосновач на Reddit, кои се верија на крајот од минатата година. Тие ја потврдија својата врска пред јавноста во октомври 2015 година.

Серена Вилијамс
Серена и Алексис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.