Кристијано Роналдо сподели неодолива фотографија со своето семејство за да го прослави својот трансфер од Реал Мадрид во Јувентус.
33-годишниот фудбалер позира со својата 24-годишна девојка Џорџина Родригез и четирите деца, 8-годишниот Кристијано Џуниор, 14-месечните близначиња Ева Марија и Матео и 8-месечната Алана МАртина.
Сите носат дресови од Јувентус.
„Семејството Јувентус! До крајот“ – напиша Роналдо во описот.

Вчера, Џорџина сподели фотографија на која се забавува во базен со топчиња со трите мали деца. „Кога мајката е полоша од децата. Ги сакам бескрајно“ – напиша таа.

Пред неколку дена, парот заедно со Кристијано Џуниор беше на одмор на Езерото Комо.

