Кога не се посветува на професионалните обврски, Кристијано Роналдо ужива со своето семејство. Успешниот фудбалер сподели слатка фотографија со три од своите деца и саканата Џорџина.
Во скутот на 33-годишниот спортист седи малата Алана Мартина, Џорџина во рацете ја држи Ева, додека Матео покрај нив се забавува со играчките. „Моите сакани“ - напиша тој во описот.

Сестрата и мајката на Роналдо споделија семејна фотографија со малите бебенца, додека Џорџина покажа како се релаксира со децата во природа.


Само Алана Мартина е заедничко дете на Роналдо и Џорџина.