И покрај бројните работни ангажмани, Џенифер Лопез редовно издвојува време за саканите личности.
48-годишната пејачка беше видена додека излегуваше од ресторан во Беверли Хилс заедно со 9-годишните близнаци Ема и Макс и саканиот Алекс Родригез.
Атрактивната ѕвезда изгледаше модерно во светла комбинација, која вклучуваше бели панталони, кошула со риги, бели обувки од Кристијан Лобутин и чанта од Гучи која внесе боја во нејзиниот стајлинг.










Неодамна Алекс беше гостин во шоуто на Џими Кимел, каде призна дека неговите две ќерки биле многу возбудени што тој е во врска со Џеј Ло и го сметале за херој поради тоа. Погледнете видео:
Пред два дена, парот беше „уловен“ и во спортско издание.



