Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Семејна фотосесија: Пинк со ќеркичката и синчето за People

Семејна фотосесија: Пинк со ќеркичката и синчето за People

Пинк беше избрана да ја краси насловната страница на изданието на People посветено на убавината. 38-годишната пејачка позираше со своите две мали деца Вилоу и Џејмисон.

Во интервјуто, музичката ѕвезда зборуваше за мајчинството и начинот на воспитување на 6-годишната ќерка и 15-месечниот син.

Пинк со децата

Иако има само шест години, Пинк се бори да ја научи својата ќеркичка за родовата рамноправност и да ја поттикне да се бори за своите права.

„Секогаш ја кажувам вистината. Ѝ ја кажувам на ќерка ми вистината. Ѝ дозволувам да биде шестгодишник, но сакам да знае за праведност и љубезност, да знае дека треба да се бори за своите права, да знае дека понекогаш девојчињата не се платени исто толку колку момчињата за истата работа, дека девојчињата не се третирани исто и дека треба да работат многу понапорно за сè“ – изјавила успешната пејачка.

„Мојот сопруг е многу нежен со нашата ќерка, но сака таа да е силна, а јас сакам на нашиот син да му е дозволено да биде чувствителен. Ќе се обидеме да не создадеме две чудовишта“ – шеговито рече таа.

Пинк со децата

„Кога станува збор за родителството, никогаш не можеш да знаеш дали тоа што го правиш е успешно. Тоа е најнеспокојното нешто за мене“ – дополни Пинк.

Пинк со децата Пинк со децата Пинк со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.