Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион возврати на критиките за изгледот и проговори за гласините дека е во врска со 16 години помлад танчар

Селин Дион возврати на критиките за изгледот и проговори за гласините дека е во врска со 16 години помлад танчар

Селин Дион беше ѕвезда меѓу посетителките на Париската недела на високата мода, каде го зацврсти својот статус на „стилска дива“.

Нејзините смели модни комбинации привлекуваа огромно внимание, а многуте фоторепортери беа на секој нејзин чекор. Освен за стилот, 50-годишната пејачка поттикна многу коментари за слабата фигура, но и за верниот придружник – Пепе Муноз.

Бројни фанови на Дион изразија загриженост за нејзиното здравје, а други пак шпекулираа за нејзините односи со Пепе.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Во интервју за британскиот медиум The Sun, Селин им возврати на сите кои го коментираат нејзиниот изглед: „Не се замарајте. Не ме фотографирајте. Ако ви се допаѓа, ќе бидам таму. Ако не ви се допаѓа, оставете ме на мир.“

Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион

На ревиите во Париз, Селин постојано беше придружувана од Пепе и со тоа долеваше масло во гласините дека се во љубовна врска. Но, таа е категорична дека е сингл и дека нивните односи се пријателски и професионални. Имено, таа објасни дека 34-годишниот поранешен танчар е дел од нејзиниот тим и ѝ помага не само во тренирањето и изборот на стајлинзи, туку и во продукцијата.

„Ние сме пријатели, ние сме најдобри пријатели. Се разбира, се прегрнуваме и се држиме за рака и излегуваме, па луѓето го гледаат тоа и велат: Ох Господи, таа се држи за рака.... Но, јас се држам за рака и со други луѓе од мојот тим. Тој е џентлмен. Ми ја подава раката на излегување“ - вели таа.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Селин беше 22 години во брак со Рене Анжелил, кој почина од рак во 2016 година. Заедно имаат три деца.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.