Селена Гомез е русокоса заводничка на насловната страница на Elle.
За фотосесијата, поради која многумина ја споредија со Мерилин Монро, 29-годишната пејачка позираше во модели од врвни модни брендови како Гучи, Шанел, Луј Витон, Алесандра Рич, Брендон Максвел и Прабал Гурунг.
Во интервјуто, Селена се отвори за нејзините здравствени проблеми и борбата со лупусот и биполарното растројство.


„Лупусот, трансплантацијата на бубрег, хемотерапиите, менталната болест, минувањето низ љубовни проблеми пред очите на јавноста – сите овие нешта требаше да ме повлечат надолу. Секојпат кога ќе поминував низ нешто, се прашував: ‘Што уште? Што уште ќе треба да поминам?’. ‘Ќе им помагам на луѓето’ си реков самата. Тоа е она што ме одржуваше. Имаше моменти кога не бев доволно силна и кога сакав да си направам нешто за да се самоповредам“ – рече таа.



Селена отворено зборува за предизвиците со кои се соочува: „Да, се повлеков. Да, имам проблеми со менталното здравје. Бев депресивна и анксиозна“ – вели таа и додава дека почувствувала големо олеснување кога ѝ била поставена дијагноза биполарно растројство.
„Можев да вдишам длабоко и да речам: ‘ОК, тоа објаснува многу нешта’“ – рекла таа.


Младата пејачка вели дека ја става природната убавина на прво место и дека повеќе не дозволува да ѝ влијаат нереалните стандарди за убавина.
„Си потрошив години од мојот живот обидувајќи се да изгледам како другите луѓе. Ќе видев некоја фотографија и ќе си речев: ‘Боже, зошто јас не изгледам вака?’ Ништо од тоа не беше добро за мене“ – рече Селена и призна дека чувствувала огромно олеснување кога се повлекла од Instagram.
„Овој малечок телефон кој има 150 милиони луѓе на него – едноставно го спуштив. Тоа беше огромно олеснување за мене“ – додаде таа.




