Роузи Хантингтон-Вајтли ја разубави премиерата на „Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw“. 32-годишниот модел присуствуваше на свеченоста во знак на поддршка на својот сакан Џејсон Стејтам, кој ја има главната улога во филмот.
Како и многупати досега, Роузи ѝ го довери својот изглед на модната куќа Версаче. Белиот фустан со висок шлиц и транспарентни панели по рабовите, таа го надополни со минималистички сандали и блескав накит.
Популарната убавица со насмевка позираше покрај 51-годишниот актер со кого има едно дете.
И Двејн Џонсон не ја пропушти холивудската премиера на „спинофот“ на „Fast & Furious“ во кој глуми со Стејтам.