Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Родени на ист датум: Кетрин Зета-Џонс со видео му го честиташе роденденот на сопругот Мајкл Даглас

Родени на ист датум: Кетрин Зета-Џонс со видео му го честиташе роденденот на сопругот Мајкл Даглас

Кетрин Зета-Џонс и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас се родени на ист датум.

Вчера, убавата актерка го прослави својот 49-ти роденден, додека славниот оскаровец наполни 74 години.

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас

За да му го честита роденденот на саканиот, Кетрин сподели видео од неговата улога во филмот „The American President“ од 1995 година, како и од изведбата на Мерилин Монро на „Happy Birthday, Mr. President“од 1962 година. Во описот, таа напиша:

„Среќен роденден на мојот Претседател! Мојот сопруг Мајкл. Претпоставувам дека тоа ме прави мене Прва дама! Почудни работи се имаат случено!“

„Упс, и мене ми е роденден.“

Подоцна, Кетрин сподели уште едно забавно видео во кое со Мајкл јадат торта. „А потоа близнаците по родендени јадеа торта!“ – напиша таа.

Кетрин и Мајкл се запознаа на Филмскиот фестивал во Довил, Франција, во 1998 година, а се свршија една година подоцна. Нивната свадба се одржа на 18 ноември 2000 година откако Мајкл официјално се разведе од првата сопруга.

Парот има две деца, 18-годишниот Дилан и 15-годишната Карис.

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.