Роберт Патинсон е позитивен на новиот коронавирус SARS-Cov-2. Vanity Fair информира дека тестирањето на славниот актер покажало дека е инфициран. Поради тоа, снимањето на „The Batman“ во Лондон е целосно запрено.
Пред само неколку дена, екипата за новиот филм за Бетмен го продолжи снимањето, но по инфицирањето на Патинсон, кој ја има главната улога, сè било паузирано.

Од Warner Bros. потврдија дека има позитивен на КОВИД-19 во екипата, но не го открија идентитетот. „Член на продукцијата на The Batman е позитивен на КОВИД-19 и се изолира согласно протоколите“ – велат од студиото.

Филмот е планирано да биде достапен за фановите следната година.