Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роберт Патинсон е новото рекламно лице на Диор

Роберт Патинсон е новото рекламно лице на Диор

Роберт Патинсон ќе ги рекламира машките парфеми на Кристијан Диор. Според E! News, 26-годишниот актер потпишал тригодишен договор со француската модна куќа, а се проценува дека за своите услуги ќе добие неверојатни 12 милиони долари.

Роберт Патинсон

Со овој потег Роберт им се придружува на Натали Портман, Џад Лоу и Шарлиз Терон, кои досега ги популаризираа козметичките производи на Диор.

Пред успешно да започне актерска кариера, Патинсон се обидел да се пробие како модел на 12-годишна возраст, но брзо се откажал. „Кога започнав, бев многу висок и изгледав како девојче, па добивав многу ангажмани, бидејќи тоа беше период кога андрогиниот изглед беше кул. Потоа, претпоставувам дека станав премногу момче, па не ме ангажираа. Ја имав најнеуспешната кариера како модел“ – изјавил тој.

Роберт Патинсон

Информацијата за соработката со Диор сè уште не е потврдена ниту од модниот бренд, ниту од Патинсон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11759 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.