Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана ќе лансира своја модна линија

Ријана ќе лансира своја модна линија

Ријана

Атрактивната Ријана, позната по својот екстравагантен стил, планира да остави своја трага и во модата, со лансирањето на своја колекција на женска облека.

„Започнав да работам на колекцијата. Во моментов е во почетна фаза. Отсекогаш сум ја сакала модата“ – изјави Ријана за списанието Grazia.

Главната инспирација за новата колекција Ријана ја добива од супермоделот Кејт Мос.

„Ја сакам Кејт Мос. Никој не може да ја достигне. Навистина ѝ се восхитувам, затоа што секоја нејзина слика е различна. Секогаш кога ќе ја видите, таа внесува различна енергија во облеката која ја носи. Мислам дека е неверојатна.“

Очигледно креативноста на Ријана е толку голема, што таа наоѓа енергија да се истакне и во светот на музиката и во светот на модата.

Сигурно овој потег за лансирање на колекција на женска облека ќе биде пречекан со воодушевување од многу млади низ целиот свет, кои го обожаваат стилот на младата пејачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.