Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана за мажите: „Има голема суша“

Ријана за мажите: „Има голема суша“

Облечена во сончево жолта комбинација на Версаче, Ријана ја краси насловната страна на мајското издание на списанието Elle.

На фотографиите за списанието, Ријана е русокоса, иако тој нејзин имиџ веќе е во минатото бидејќи сега повторно има црна коса. Во февруари 24-годишната пејачка сподели дека русата фризура си ја направила специјално за фотосесијата за Elle.

Ријана

Освен во креација на Версаче, познатата пејачка од Барбадос позираше и во фустан на Армани, провокативна долна облека и бела сукња на Диор.

Ријана

Во интервјуто за Elle, Ријана признала и дека знае за неодобрувањето од страна на нејзините фанови за нејзината неодамнешна соработка со Крис Браун, но изјавила и дека ќе продолжи да го прави она што го сака.

„На крајот на краиштата, секој има свое мислење. Многу е тешко за мене да го прифатам тоа, но го сфаќам. Луѓето си го трошат своето време на блогови и слично, пишувајќи со лутина, и тоа е во ред. Затоа што утре јас сè уште ќе бидам истата личност. Сè уште ќе го правам она што сакам да го правам“ – рекла таа.

Ријана Ријана

На прашањето кога би сакала да има свои деца, Рири одговорила: „Може да биде утре. Може да биде по 20 години. Чувствувам дека кога ќе дојде време, Господ ќе ми прати мал ангел. Но, прво морам да најдам маж. Мислам, недостига важно парче од сложувалката“.

Ријана

А кога станува збор за пронаоѓањето маж, Ријана смета дека владее суша. „Сметам дека е тешко за сите! Не мислам дека е поврзано со славата. Едноставно има голема суша“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.