Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана за „Вог“: „Не сум градена како девојка на Victoria's Secret и сепак се чувствувам прекрасно“

Ријана за „Вог“: „Не сум градена како девојка на Victoria's Secret и сепак се чувствувам прекрасно“

Ријана е егзотична убавица во моден едиторијал за јунското издание на „Вог“.

Музичката ѕвезда позираше во креации од Долче и Габана, Шанел, Мајкл Корс, Алберта Ферети и Пако Рабан пред фотографското дуо Мерт и Маркус.

Ријана

Во интервјуто за модната библија, 30-годишната пејачка зборуваше за својата фигура, самодовербата, врската со Дрејк, идната улога на мајка и Барбадос.

Во изминативе месеци Ријана добиваше многу коментари за нејзината тежина и таа со хумор им возвраќаше на оние кои ја исмејуваа. „Мораш да се смееш на своја сметка, искрено. Јас знам кога се чувствувам дебела и кога сум ослабела. Ги прифаќам сите тела. Не сум градена како девојка на Victoria's Secret и сепак се чувствувам прекрасно и самоуверено во мојата долна облека.“

Ријана Ријана

За односите со Дрејк, таа сподели: „Немаме пријателство сега, но не сме ниту непријатели. Што е тука е.“

Иако официјално нема потврдено дека е во врска со саудискиот бизнисмен Хасан Џамел, папараците ја разоткрија нивната романса. „Порано се чувствував виновна да си земам време лично за себе, но мислам претходно немав сретнато некој кој вреди“ - изјавила таа, потврдувајќи дека е во врска, без да го споменува името на нејзиниот партнер.

На прашањето каква мајка ќе биде во иднина, таа одговори: „Нема да можам да го тргнам погледот од моето дете. Веќе го знам тоа за себе. Ќе мораат да ме принудат да земам бебиситерка.“

Ријана Ријана

За својот роден Барбадос таа вели: „Буквално израснав во рај. Луѓето штедат цел живот за да одат на одмор таму и лесно е да го земаш здраво за готово.“

Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.