Ријана со нестандарден стил мами погледи во текот на бременоста, а смелите труднички стајлинзи остануваат нејзини заштитен знак и во последниот триместар.
Музичката ѕвезда во впечатлив краток фустан го освои фокусот на папараците додека се упатуваше на вечера во нејзиниот омилен ресторан „Џорџо Балди“ во Лос Анџелес.
Кратката плетена креација во циклама нијанса со ментол пердуви е од Сен Лоран, а Ријана ја искомбинира со светлотиркизни салонки и истобојна крзнена чанта.











34-годишната пејачка пред неколку дена присуствуваше на оскаровската забава на Џеј Зи и повторно се појави во комбинација која го истакна нејзиното стомаче.




Ријана и Ејсап Роки наскоро ќе го добијат првото дете, за кое се шпекулира дека е женско.
