Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана во модерен сив стајлинг ја прими наградата за Хуманитарка на годината од Харвард

Ријана во модерен сив стајлинг ја прими наградата за Хуманитарка на годината од Харвард

Ријана беше почестена со наградата Хуманитарка на годината од Универзитетот Харвард. На 29-годишната пејачка ѝ беше врачено признанието за време на церемонија која вчера се одржа во просториите на престижниот универзитет.

За големиот ден, музичката ѕвезда избра сив стајлинг од есенската колекција на брендот Monse и чантичка од Dior.

Ријана Ријана Ријана Ријана

Наградата ѝ беше доделена за нејзината добротворна работа во повеќе сфери. Во своето родно место, Барбадос, Ријана изгради центар за онкологија и нуклеарна медицина, наменет за дијагностицирање и лекување на рак на дојка. Исто така, славната музичарка поддржува неколку организации кои се залагаат за обезбедување на квалитетно образование на децата во земјите во развој.

ВИДЕО

Па, стигнав до Харвард. Никогаш не помислував дека ќе можам да го кажам тоа во животот...

Kога имав 5 или 6 години, се сеќавам на телевизија гледав реклами во кои други деца страдаа во други делови од светот. Рекламите велеа: „можете да дарите 25 центи, за да спасите детски живот“ и се прашував колку монети од 25 центи можам да заштедам за да ги спасам сите деца во Африка. И тогаш ќе си речев себеси: „Кога ќе пораснам и ќе се збогатам, ќе спасувам деца насекаде во светот“. Само не знаев дека ќе бидам во позиција да го остварам тоа до времето кога бев тинејџерка.

На 17 години ја започнав мојата кариера тука во Америка и на 18 години ја основав мојата прва хуманитарна организација. Се здружив со други организации во годините што следеа и ги запознав, им помогнав, дури и ги изгубив едни од најубавите души. Од шестгодишната Јасмина Амина, која почина во 2010 година од леукемија. Нејзината приказна инспирира илјадници да волонтираат како донори преку DKMS.

До 2012 година, кога баба ми Клара Братвит ја изгуби борбата со ракот. Тоа беше причината за формирањето на Фондацијата „Clara Lionel“. Сите ние сме луѓе и сите ние само сакаме шанса. Шанса за живот, шанса за образование, шанса за иднина. Во огранизацијата „Clara Lionel“, наша мисија е да влијаеме на што е можно повеќе животи, но сето тоа почнува со само еден живот.

Додека зјапам во оваа прекрасна просторија, гледам оптимизам, гледам надеж, ја гледам иднината. Знам дека секој еден од вас има можност да помогне некому. Сè што треба да направите е да ѝ помогнете на една личност и да не очекувате ништо за возврат. За мене, тоа е хуманитарност. Луѓето прават тоа да изгледа како да е многу тешко. Тоа мало девојче кое ги гледаше тие реклами не знаеше дека не мора да бидеш богат за да бидеш хуманитарец. Не мора да бидеш богат за да помогнеш некому. Не мора да бидеш славен, не мора ниту да имаш завршено факултет. Мислам, посакував јас да имав завршено, особено денес.

Сакам на сите да ви поставам предизвик да се обврзете да ѝ помогнете на една личност, на една организација, во една ситуација која ви го допира срцето. Баба ми секогаш велеше: „Ако имаш еден долар, имаш многу за споделување“. Ви благодарам дами и господа. Ми беше чест.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.