Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана во две мини фустанчиња ја промовираше својата козметичка линија Fenty Beauty во Сиднеј

Ријана во две мини фустанчиња ја промовираше својата козметичка линија Fenty Beauty во Сиднеј

Ријана е на промотивна турнеја низ светот за својата козметичка линија Fenty Beauty, која ја лансираше во 2017 година.

30-годишната пејачка и бизнис дама присуствуваше на неколку настани во Сиднеј, Австралија, каде се појави во два мини фустани.

За годишниот настан на Fenty Beauty организиран од Ријана во „Overseas Passenger Terminal“, Ријана избра мини фустан, капа, чантичка и чевли од Версаче со змиски принт. Својот стајлинг таа го комплетираше со накит од Шопард.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана
Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Подоцна, славната музичка ѕвезда се пресоблече во розово фустанче и посети продавница на Sephora. Ријана имаше можност да нашминка неколку од гостите и да се поздрави и фотографира со насобраните фанови пред продавницата.

Ријана Ријана Ријана
Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Линијата на Ријана е создадена со ветување за инклузија на сите жени без разлика на бојата на кожата. Пудрата од Fenty Beauty има 40 различни нијанси и е прогласена за едно од најголемите иновации за 2017 година од страна на списанието Time. Козметичките производи од оваа линија се продаваат во 15 земји низ светот.

Само во првиот месец од лансирањето Fenty Beauty продаде производи во вредност од 72 милиони долари.

Ријана Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.