Рита Ора присуствуваше на хуманитарна гала на УНИЦЕФ во Италија.
На свеченоста која се одржа на Капри, 29-годишната пејачка заблеска во гламурозна креација од високата мода на Ралф и Русо.





Рита на настанот позираше и со Андреа Бочели за што носеше заштитна маска.


Ора настапи на сцената за првпат по изолацијата поради пандемијата. Со тоа, таа помогна да се соберат 1,5 милиони долари за заштита на децата од влијанието на коронавирусот.





Музичката ѕвезда беше фотографирана и додека го разгледуваше островот со пријателка.


