Криси Тиген секогаш реално зборува за проблемите со кои се соочува. Славната сопруга на Џон Леџенд на Св. Валентин сподели фотографија од своето тело на која ги покажува лузните од неодамнешната операција.
Пред една недела на Криси ѝ бил извршен оперативен зафат поради ендометриоза. Тоа е состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата. Може да предизвика силни болки за време на менструација, проблеми со цревата и неплодност.
Тиген имала преголеми болки кои се надева дека ќе завршат по операцијата.

35-годишниот модел им порача на жените да ги сакаат своите тела. „Среќен Св. Валентин. Сакајте се себеси“ – пишува таа на фотографијата.
На фотографијата можат да се забележат и лузните од операцијата на градите за отстранување на имплантите која ја направи лани.
an update: holy shit it’s a no on the soup but a go on Curb pic.twitter.com/YvxBF8M69w
— chrissy teigen (@chrissyteigen) February 5, 2021

Во октомври минатата година, 35-годишниот модел го изгуби третото дете во 20-тата недела од бременоста, а целата приказна ја сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи.
Криси и Џон се родители и на 4-годишната Луна и 2-годишниот Мајлс кои се зачнати со ин витро. Претходно, тие 9 години неуспешно се обидувале да зачнат.
