Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рајан Рејнолдс и Шарлиз Терон се во врска?

Рајан Рејнолдс и Шарлиз Терон се во врска?

Рајан Рејнолдс наводно освои уште една русокоса филмска ѕвезда. Според најновото издание на Us Weekly, 34-годишниот актер е во врска со привлечната Шарлиз Терон.

Потпирајќи се на свои анонимни извори, списанието пишува дека Шарлиз и Рајан се во тајна врска веќе неколку месеци.

Рајан и ШарлизРајан и Шарлиз

Сведоци потврдиле дека моторот на Рејнолдс на 5 јуни бил оставен пред куќата на 35-годишната актерка сè до раните утрински часови. Потоа, прво Рејнолдс ја напуштил куќата, а не поминало долго време пред по него да замине и Терон.

Списанието пишува и дека двајцата актери потполно си одговараат, но дека не треба да се очекува наскоро да ги видиме заедно на црвениот тепих. „Двајцата се фокусирани на кариерата, но не на некој луд начин... Таа нема да оди на некој настан заедно со него. Тоа не е во нејзин стил“ – изјавил анонимен извор.

Шарлиз лани ја прекина 9-годишната врска со Стјуарт Таунсенд, а Рејнолдс оваа година се разведе од сексапилната Скарлет Јохансон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11080 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.