Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ракот е учител“: 84-годишната Џејн Фонда сподели дека се бори со рак и прима хемотерапија

„Ракот е учител“: 84-годишната Џејн Фонда сподели дека се бори со рак и прима хемотерапија

Џејн Фонда се отвори за здравствените проблеми со кои се соочува. 84-годишната актерка сподели дека има рак и дека веќе шест месеци прима хемотерапија.

На холивудската ѕвезда ѝ бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом, кој во најголем дел од случаите е излечив.

Џејн Фонда

„Драги пријатели, сакам да споделам нешто многу лично со вас. Дијагностициран ми е не-Хочкинов лимфом и почнав со хемотерапија. Ова е рак кој се карактеризира како многу излечив. Дури 80 отсто од луѓето го преживуваат, па се чувствувам многу среќна поради тоа. Исто така, среќничка сум што имам здравствено осигурување и пристап до најдобрите третмани и доктори. Знам, и ме боли, што сум привилегирана. Речиси секое семејство во Америка се справува рак во одреден момент, а премногу од нив немаат пристап до квалитетната здравствена заштита што јас ја добивам, а тоа не е во ред.“

„Примам хемотерапија шест месеци и одлично се справувам со лекувањето. Ракот е учител и посветувам многу внимание на лекциите на кои ме учи. Едно нешто кое што ми го покажа е важноста на заедницата. За растењето и продлабочувањето на општеството за да не сме сами. И ракот – заедно со мојата возраст – дефинитивно учи на важноста за приспособување на новите реалности“ – стои во нејзината порака.

Џејн ФондаЏејн Фонда на премиера во април оваа година

Фонда пред повеќе од една деценија се бореше со рак на дојка. Таа ја победи болеста во 2010 година.

Џејн Фонда

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.