Четвртата сезона на серијата „The Crown“ е најавена со драматичен трејлер.
Серијата на Netfix за британското кралско семејство достигна до фаза во која се појавуваат принцезата Дијана и Маргарет Тачер.
Видеото открива како тече политиката на „Железната дама“, во чија улога влезе Џилијан Андерсон, но и влегувањето на Дијана (Ема Корин) во кралското семејство.
Во новата сезона ќе биде и прикажана „свадбата на векот“, односно венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана.
Трејлер




