Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Привилегија е да се фати твојот чекор“: Иван Босиљчиќ му се придружи на Никола Роквиќ на патот до Егина

„Привилегија е да се фати твојот чекор“: Иван Босиљчиќ му се придружи на Никола Роквиќ на патот до Егина

Никола Роквиќ неуморно продолжува со својата добродушна мисија. На патот до островот Егина, српскиот пејач беше пресретнат од Иван Босиљчиќ кој помина еден ден пешачејќи со својот пријател.

Српскиот актер вели дека му беше огромна чест да помине еден ден со Роквиќ.

Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ

„Никола брате. Привилегија е да се фати твојот чекор, макар и на еден ден. Кога ќе се вратиш дома, ќе сфатиш колку луѓе те следеле на твојот пат. Ти благодарам што со твојот подвиг нè повика сите нас да се обединиме. Иако твојот пат до Егина изгледа како низа чудесни случајности, не заборавај дека ‘Случајноста е анонимен потпис од Бога’“ – напиша Иван.

Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ

Бидејќи Никола е веќе 30 дена на пат, беше многу трогнат од гестот на Иван со кого пееја песни и разговараа за убави работи.

„Има луѓе кои за братска љубов издвојуваат време, полетуваат, слетуваат како рајски птици, носат милост, радост и потврда дека човек без човек не може. Мојот брат Иван Босиљчиќ ми го облагороди срцето. Ти благодарам до вечноста“ – напиша Роквиќ.

Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ Никола Роквиќ и Иван Босиљчиќ

Хуманиот музичар тргна од храмот „Света Сава“ во Белград, а планира пешки да стигне до островот Егина каде ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Тој веќе ја оствари својата мисија да собере 250.000 евра за детска онкологија, но го продолжи својот пат и останатите собрани пари ќе ги донира за детската онкологија во Ниш.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25659 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.