Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пејачот Никола Роквиќ ќе оди пешки 1.060 километри за да собере пари за детската онкологија

Пејачот Никола Роквиќ ќе оди пешки 1.060 километри за да собере пари за детската онкологија

Пред четири дена, Никола Роквиќ тргна пешки на долго патување од 1.060 километри со хумана цел.

38-годишниот српски пејач започна да пешачи од храмот „Света Сава“ во Белград, а планира да стигне до островот Егина каде ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Мисија на Никола е да собере средства за купување апарат за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детската онкологија. За тоа му се потребни 200 илјади евра, а тој досега има собрано 3 милиони динари.

Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ

Пред да замине на патувањето, Никола и неговата сопруга Бојана споделија дека ја основале Фондацијата „Семејство“, која ќе се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како светост. Фондацијата ќе им помага на многудетни семејства, како и на загрозени, талентирани и болни деца.

„Нашата прва мисија ќе биде помагање на детската онкологија“ – рече Бојана.

Никола Роквиќ

Никола и Бојана се родители на три мали деца.

Никола Роквиќ Никола Роквиќ Никола Роквиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11485 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.