Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Прекрасна: Зендаја во волуменозна креација од Валентино на доделувањето на наградите Еми

Прекрасна: Зендаја во волуменозна креација од Валентино на доделувањето на наградите Еми

Зендаја синоќа беше меѓу големите победници на 74-тото издание на Еми 2022.

26-годишната актерка се закити со статуетка за Најдобра актерка во ТВ серија драма за нејзината извонредна улога во „Euphoria“. За да го добие признанието, младата актерка ги победи своите конкурентки: Џоди Комер (Killing Eve), Лора Лини (Ozark), Мелани Лински (Yellowjackets), Сандра О (Killing Eve) и Рис Витерспун (The Morning Show).

Зендаја Зендаја

Со портретирањето на Ру Бенет во „Euphoria“, убавата филмска ѕвезда двапати го добива ова признание и влегува во историјата како Најмлада двократна добитничка на Еми.

ЗендајаЗендаја во 2020 и 2022 година, кога доби Еми награди за улогата во „Euphoria“

На црвениот тепих во Калифорнија, Зендаја блескаше во црна волуменозна креација од модната куќа Валентино.

Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја

„Ова многу ми значи. Ви благодарам многу. До сите неверојатни актерки во оваа категорија, почестена сум што сум покрај вас и ѝ благодарам на неверојатната, неверојатната екипа од ‘Euphoria’“ – рече Зендаја.

„Мојата најголема желба за ‘Euphoria’ беше да можам да им помогнам на луѓето да закрепнат и само сакам да им кажам благодарам на сите кои ја споделија својата приказна со мене“ – додаде таа.

Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја Зендаја

На забава по повод Еми, Зендаја се пресоблече во црвен фустан со длабоко деколте.

Зендаја Зендаја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.