Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првите фотографии од свадбата на Оливија Палермо

Првите фотографии од свадбата на Оливија Палермо

Оливија Палермо и Јоханес Хибл стапија во брак. Привлечниот пар се заколна на вечна љубов за време на интимна церемонија во Бедфорд, Њујорк.

Првите фотографии од венчавката на која присуствувале само најблиските роднини и пријатели на парот беа објавени на сајтот на Палермо.

За големиот ден, модерната 28-годишна невеста избрала нетрадиционална креација од Каролина Ерера и сини обувки од Маноло Бланик. Свадбената креација била составена од кремова блуза од кашмир и шорцеви прекриени со здолниште од тул, сатен и свила, со висок шлиц украсен со цветни детали.

Оливија Палермо и Јоханес Хибл Оливија Палермо и Јоханес Хибл Оливија Палермо и Јоханес Хибл

Свадбениот стил на Палермо вклучувал едноставна фризура „коњско опавче“ и софистицирана шминка, како и минималистички накит – мали обетки од Александа Мор и белегзија купена од Џодпур, Индија. Младоженецот пак избрал костум од германскиот бренд Марк Антони.

Оливија Палермо и Јоханес Хибл Оливија Палермо и Јоханес Хибл

„Навистина сакавме овој прекрасен ден да остане приватен и специјален за нас и цел ден уживавме со нашето семејство и двајца пријатели“ – изјавила среќната невеста.

Пред да си го кажат судбоносното „Да“, Оливија и Јоханес беа во врска шест и пол години. Тие се верија пред неколку месеци, за време на новогодишно патување на егзотичниот Сент Бартс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.