Пред пет дена Сашко Коцев и Смиљана Бундовска станаа родители. Среќниот пар ѝ посака добредојде на овој свет на ќеркичката која го доби името Јоана.
Сопругата на славниот македонски актер и водител се породи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
„Сашко е вистински шампион, се грижеше за мене и во бременоста, а сега ќе биде одличен во улогата на татко“ – изјавила радосната Смиљана.
Погледнете ги првите фотографии од новороденото девојче, направени пред семејството да ја напушти болницата.




Сите фотографии можете да ги погледнете на сајтот на Систина.
Сашко ја запроси Смиљана пред пет години на сцената на „Златна Бубамара“, а неколку месеци подоцна стапија во брак

