Лука Модриќ стана првиот Хрват во историјата кој ја добил престижната награда „Златна топка“. На успешниот фудбалер му беше врачена статуетката на свеченост во Париз. Ова признание го доделува францускиот весник „Франс Фудбал“.
33-годишниот спортист на церемонијата беше придружуван од своето семејство. На црвениот тепих, Модриќ позираше со сопругата Вања, синот Ивано и ќерките Ема и Софија.









Во публиката, тој ги имаше своите најверни навивачи – родителите Стипе и Радојка.









„Ова е уникатно чувство. Среќен сум, горд и почестен. Имам сензационални емоции во моментов кои е многу тешко да се опишат со зборови. Пред сè би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи и тренери во Реал Мадрид и сите луѓе кои работат за Реал Мадрид, сите мои тренери и соиграчи во репрезентацијата, сите оние кои гласаа за мене и секако, моето семејство, мојата сопруга и децата. Тие ме исполнуваат како личност и ми помагаат во сите аспекти да бидам успешен како професионалец. Како деца, сите ние имаме соништа. Мојот сон беше да играм за голем клуб и да освојам значајни трофеи. Сонував за тоа, но ‘Златната топка’ беше повеќе од детски сон за мене и вистинска чест и привилегија е да се држи овој трофеј вечерва“ – рече среќниот Лука во својот говор.








